Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико официјално потврди: Љубовната приказна продолжува (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Коке ги мина сите младински категории на Атлетико Мадрид и важи симбол за клубот во чии редови е 24 години, а убавата љубовна приказна меѓу двете страни ќе продолжи најмалку уште 12 месеци.

По неколку интензивни месеци во кои двете страни водеа преговори, Атлетико и претставниците на Коке постигнаа договор за продолжување на соработката, што значи дека искусниот играч за врска ќе остане на „Метрополитано“ најмалку уште една сезона.

Новиот договор ќе важи со јуни 2025-та година, а планот е да се разгледува опцијата за идни продолжувања на верноста од година во година.

Коке има 32 години и цела своја играчка кариера му ја посвети на саканиот клуб, во кој веќе некое време важи за играч со убедливо најмногу настапи во историјата (моментално има 626).

Како што информираат угледните мадридски медиуми, Коке се согласил да стави потпис на договорт со значително намалување на платата, па наместо 8, сега ќе инкасира 3 милиони евра по сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни