Атлетико објави „војна“: Обесштетувањето од Барселона за Гризман е недоволно! (Фото)

grizman-moli

Барселона ова попладне и официјално информираше дека исплатена откупната клаузула од 120 милиони евра која треба да послужи како обесштетување за Атлетико за ангажманот на Антоан Гризман, а ако ова соопштение беше очекувано поради тоа што веќе извесно време се најавуваше вакво сценарио, сепак доста бурно беше она што го испрати клубот од шпанската престолнина.

Атлетико сериозно се сомнева во завера која заеднички ја организирале претставниците на Гризман и одговорните луѓе на Барселона, или поточно, „душекџиите“ се убедени дека Барселона многу порано го има договорено Французинот од 1-ви јули. Ова всушност значи дека Барса само чекаше да дојде први јули за да ја исплати клаузулата од 120 милиони евра, која пак неколку месеци претходно изнесуваше 200 милиони евра.

– Депозитираната сума е недоволна за да се вклучи откупната клаузула, бидејќи е јасно дека договорот меѓу играчот и Барселона е склучен уште пред клаузулата да се редуцира од 200 на 120 милиони евра. Поради ова, веќе се започнати процедури кои сметаме дека се морални за одбрана на нашите права и нашите легитимни интереси, – гласи соопштението на „колчонеросите“.

Facebook Коментари