Поврзете се со нас

Англија

Атлетико Мадрид притиска за бек на Арсенал

Објавено

на

foto: twitter.com/Atleti

Диего Симеоне избрал засилување за позицијата лев бек, па Атлетико Мадрид се обидува да се договори со Арсенал за реализација на овој трансфер.

Аргентинскиот стручњак очигледно го цени подзаборавениот Олексндр Зинченко и посакува да смета на Украинецот уште за вториот дел од актуелната сезона, а наводно Атлети имаат конкуренција и од други европски клубови.

Зинченко дојде во Арсенал од Манчестер Сити во 2022 година, но како одминуваше времето, добиваше се помала минутажа од Микел Артета и одамна не е во фокусот на шпанскиот менаџер.

Симеоне сака да го добие потписот на Украинецот бидејќи тој може да настапува подефанзивно, но и како дел од средниот ред, а се очекува и прифатлива трансфер сума која ќе биде одредена од Арсенал.

За Зинченко ова би бил нов предизвик во кариерата, откако досега кратко настапувал во Русија и Холандија, а останатиот дел од кариерата го мина на островот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни