Поврзете се со нас

Англија

Атлетико Мадрид на урнебесен начин ја детонираше големата трансфер „бомба“: Извинете, дизајнерите ни се на одмор (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Атлетико Мадрид доцна вчера мораше да ги стопира преговорите со Челси за трансферот на Саму Омордион, но иако тоа значеше дека и операцијата на Конор Галахер е ставена на „стенд-бај“, попладнево конечно се официјализираше зделката за која зборуваше цела Европа.

Хулијан Алверез и дефинитивно се претвора во најголемата и најскапа „бомба“ на трансфер пазарот, бидејќи се претвора во големо засилување за Атлетико Мадрид, а воедно и најскапа продажба во историјата на Манчестер Сити.

Англискиот шампион ќе добие фиксни 70 милиони евра од Атлетико Мадрид, но во договорот се вклучени и бонуси според кои треба да бидат исплатени уште 20 милиони евра.

Вкупната зделка може да достигне 90 милиони евра, па јасно е дека Чоло Симеоне уште еднаш добива скапо мега-засилување, прво после Жоао Феликс за кого беа платени повеќе од 120 милиони евра.

Договорот кој го понуди Атлетико е долгорочен и трае до 2030-та година, па јасно е дека „Пајакот“ ќе биде ударна игла во проектот на „душекџиите“ во наредните години.

Инаку, мадридскиот клуб се обиде со анимиран лик да го потврди ангажманот на Аргентинецот, прикажувајќи пајак кој изгледа како да е изработен од аматер.

– Извинете. Дизајнерите ни се на одмор……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни