Шпанија
Атлетико Мадрид мерка поранешен играч на Реал

Диего Симеоне веќе има поставено приоритети за следниот преоден рок и со соработниците од менаџментот ќе се обиде да донесе соодветни засилувања за Атлетико Мадрид.
Она што Атлети сигурно ќе сакаат да го реализираат е засилување во средниот ред и тоа на подефанзивните позиции, со што би имале уште една опција во ситуација и кога не е најјасно колку играчи можат да заминат по крајот на сезоната.
Според шпанските медиуми, примарна цел на Атлетико е Матео Ковачиќ, фудбалерот на Манчестер Сити за кого Симеоне има позитивно мислење и смета дека добро ќе се вклопи во неговиот тим и тактичките замисли кои ги протежира.
Ковачиќ сезонава има поголема минутажа најмногу поради повредата на Родри, а се чини дека ангажирањето на Нико Гонзалес од Порто е јасен знак дека Сити е отворен за преговори и продажба на хрватскиот интернационалец.
Сити нема да бара повеќе од 30 милиони евра за Ковачиќ, а Атлетико на тој начин би добил искусен играч, кој претходно настапуваше во Ла Лига и тоа за градскиот ривал Реал Мадрид.
-
Свет9 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Свет23 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)
-
Италија11 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија19 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Барселона со пеколен пресврт го сруши Атлетико на „Метрополитано“ (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија23 часа
Крај на чекањето: Њукасл освои трофеј во англискиот фудбал по 70 години (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Дел Пјеро по новиот пораз на Јувентус: Седум примени гола на два меча…