Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико Мадрид ја потврди разделбата со тројца фудбалери

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид планира поголема реконструкција на составот во текот на ова лето, а денеска и официјално е потврдена разделбата со тројца фудбалери одеднаш.

По истекот на договорите кои им важеа до денеска, црвено-белиот дрес во новата сезона нема да го носат Мемфис Депај, Марио Ермосо и Габриел Паулиста, при што најнеизвесна беше иднината на Ермосо, со кого Атлети се обиде да стигне до договор за продолжување на соработката.

Ермосо не ги прифатил условите понудени од мадридскиот состав и допрва ќе преговара за нов ангажман и клуб во кој ќе замине без отштета, додека Паулиста веќе има договор со Бешикташ и ќе ја продолжи кариерата во Турција.

Депај е дел од холандската репрезентација на ЕП во Германија, самиот веќе најави дека се договорил со Атлетико да замине ова лето, а неговите агенти ќе треба да му обезбедат нова средина за претстојната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни