Шпанија
Атлетико Мадрид ја потврди разделбата со клучен човек од раководството
Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид денеска ги потврди најавите на медиумите, официјализирајќи ја разделбата со досегашниот спортски директор Андреа Берта.
Берта беше клучен човек во однос на трансфер политиката на Атлети од 2017 година наваму, а во мадридскиот клуб работеше од 2013 година или повеќе од една деценија.
Заминувањето на Берта е потврдено, а медиумите велат дека една од причините е назначувањето на Карлос Бусеро за генерален фудбалски директор, потег со кој досегашниот спортски директор загубил дел од своите ингеренции и очигледно не можел да пронајде заеднички јазик за одредени одлуки.
Атлетико најави дека наследникот на Берта ќе биде човек од клубот, односно веројатно позицијата ќе ја добие некој од неговите досегашни асистенти.
Берта е поврзуван со Манчестер Јунајтед и нема да биде изненадување ако се пресели во Премиер лигата, а најновата ситуација сигурно је следат и други европски клубови.
🚨 JUST IN: Andrea Berta has officially left Atlético Madrid TODAY, after spending around 12 years at the club.@marca pic.twitter.com/Ilep5YohzN
— Atletico Universe (@atletiuniverse) January 5, 2025
-
Светски првенства22 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
АТП20 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Англија22 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
Репрезентација11 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија19 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Светски првенства18 часа
Ване за потегот на Перез Де Варгас: Доказ дека ракометот се уште е џентлменски спорт