Атлетико Мадрид и Интер во битка за фудбалер на Саутемптон

Southampton FC v Cardiff City - Premier League

„Дејли Мејл“ пренесува дека од таборите на Атлетико Мадрид и Интер сериозно размислуваат ова лето во своите редови да го донесат англискиот репрезентативец и член на Саутемптон, Рајан Бертранд.

29 годишниот Бертранд игра сосема солидно во дресот на „светците“ веќе неколку сезони и токму затоа го привлече вниманието на овие два гиганти.

Од Атлетико Мадрид се во постојана потрага по замена за Лукас Ернандез кој кариерата ја продолжува во Баерн Минхен, додека од Интер бараат стабилна опција за левата бековска позиција во пресрет на следната сезона.

Весникот пишува дека Саутемптон за искусниот фудбалер ќе бара сума од околу  15 милиони фунти.

Facebook Коментари