Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико Мадрид го потврди првото јануарско засилување

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид го промовираше Хорациу Молдован како прво јануарско засилување, со што Диего Симеоне веќе доби еден нов фудбалер за продолжението од сезоната.

Шпанскиот клуб ја активирал откупната клаузула на романскиот фудбалер, односно му платил 800.000 евра на неговиот досегашен клуб Рапид Букурешт, со што го доби потписот на Молдован.

Се работи за 26-годишен голман, кој последните три сезони бил стандарден првотимец на романскиот клуб и потпишал договор со Атлетико до јуни 2027 година.

Молдован веќе има осум настапи и за романската репрезентација, а во Атлетико ќе му биде поддршка на Јан Облак, кој засега е без конкуренција за првотимскиот статус кај Симеоне.

Романецот ќе биде замена за Иво Грбиќ, за кого се очекува да стане нов член на Шефилд Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни