Италија
Атлетико Мадрид ангажираше голман на Аталанта, тимот од Бергамо го претстави наследникот
Аталанта добро се подготви за најавеното заминување на квалитетниот голман Хуан Мусо и денеска експресно го претстави неговиот наследник во тимот на Џан Пјеро Гасперини.
Мусо стана уште еден Аргентинец кој ќе соработува со Диего Симеоне во Атлетико Мадрид и првично ќе биде поддршка за Јан Облак, а ќе се надева дека што поскоро ќе го преземе првотимскиот статус од словенечкиот голман.
Атлетико очекува дека Мусо ќе може да го предизвика Облак со своите квалитети и форма, а тоа би требало да го мотивира шпанскиот клуб следното лето да го откупи неговиот договор.
Истовремено, во Бергамо е претставен Руи Патрисио, искусниот португалски голман кој се враќа во Серија А, овојпат како член на Аталанта.
Патрисио доаѓа како слободен агент откако му истече договорот со Рома, потпишал еднгодишен договор и ќе треба да биде „бекап“ за првиот избор на Гасперини, Марко Карнесеки.
🤝 Rui Patricio ✍️ pic.twitter.com/S2wrvr4rxv
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) August 27, 2024
-
Балканпред 19 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 18 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 19 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 16 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Шпанијапред 18 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 15 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед