Атлетико ја потврди фаворитската улога и ја освои третата титула во Лига Европа (Видео)

atletico

Екипата на Атлетико Мадрид со лесна победа од 3:0 против Олимпик Марсеј ја освои третата титула во Лига Европа во својата клупска историја.

Избраниците на Чоло Симеоне беа фаворити во ова финале поради поголемото искуство во играњето на вакви натпревари, но и поради поквалитетниот состав, а шпанскиот клуб тоа го оправда на крајот на средбата.

Најпрво Гризман го отвори резултатот на средината на првиот период по една грешка на Замбо Ангуиса. Со овој резултат се замина на полувреме, а во вториот дел паднаа уште два погодоци. На самиот старт на вторите 45 минути, Гризман погоди за 2:0, додека точка на средбата стави искусниот Габи во 89. минута од средбата.

Facebook Коментари