Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико ја казни неефикасната Барселона, Симеоне конечно дочека победа во Каталонија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Атлетико Мадрид издвојува победа над Барселона од 2-1 во дерби средбата од 18. коло во шпанската Ла Лига.

Иако домаќините покажаа многу повеќе, ја имаа топката во своите нозе, создадоа доволно шанси на крајот останаа со празни раце на „Монжуик“. Душекџиите не мрднаа во првото полувреме, Барса доминираше, меѓутоа успеа само еднаш да ја затресе мрежата на противникот преку Педри во 30 минута.

На стартот на вториот дел Фермин Лопез не реализираше 100 процентна шанса за 2-0, потоа Рафиња ја погоди само рамката од голот на Облак за да во 60 минута стигна казната по лошата реакција на Касадо, аргентинскиот репрезентативец Де Пол со одмерен удар ја смести топката во мрежата на Пења.

Потоа домаќините одново доминираа, притискаа, се обидуваа, ама едноставно немаа решение за одличниот Облак за да длабоко во судиското продолжение резервистите Молона и Серлот го шокираат „Монжуик“ со погодок и огромни три бода за составот од Мадрид.

Со ова Диего Симеоне конечно дојде до прво славје во дуелите со каталонците во Барселона и тоа во 18 натпревар. Атлетико со 41 бод е прв, има три повеќе од вечерашниот ривал, но и меч помалку од него што значи дека може да ја зголеми предноста на табелата.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни