Атлетико ја доби градската пресметка и го освои Суперкупот на УЕФА (Видео)

atletiko

Составот на Атлетико Мадрид е освојувач на овогодинешниот Суперкуп на УЕФА и тоа откако вечерва во Талин ја доби битката со градскиот ривал Реал Мадрид.

Четата на Диего Симеоне излезе како победник по продолженијата или поточно славеше со 4-2 и по трет пат во историјата го освои овој трофеј (2010, 2012 и 2018). Двата состави донесоа добар, квалитетен и возбудлив меч во кој на крајот подобро се снајдоа „колчонеросите“.

Во регуларниот дел резултатот беше 2-2, Коста стрелаше два пати во 1 (најбрз гол во ова натпреваруавње) и 79 минута, додека пак Бензема и Рамос погодија за „кралевите“. По ова се замина во продолженијата, а веќе во првото Атлетико два пати го матираше голманот Навас.

Прво тоа му успеа на Саул за да потоа стрела и Коке во 104 минута. Реал по овој шок не успеа да се врати во игра, па така трофејот заврши во рацете на клубот од „Ванда Метрополитано“.

Facebook Коментари