Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико ја доби дерби пресметката со Барселона, каталонците загубија и двајца првотимци (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Тимот на Атлетико Мадрид успеа да слави над Барселона со 1-0 во дерби натпреварот од 10. рунда во шпанскиот шампионат.

Средбата на „Ванда Метрополитано“ не донесе ниту убавина, ниту многу возбудувања, а како клучен момент се покажа грешката која гостинскиот голман Марк Андре Тер Штеген ја направи во завршницата на првото полувреме.

Тер Штеген направи голема грешка, Барселона губи на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)

Германецот непотребно го напушти својот гол, Караско тоа го искористи, елегантно се ослободи од него и ја затресе празната мрежа. Каталонците во второто полувреме имаа неколку полуприлики, ама тоа не беше доволно за да се матира Облак.

Барса освен што доживеа пораз загуби и двајца стандардни првотимци, Пике и Роберто кои се повредија и прашање е дали ќе можат да се вратат до крјаот на оваа календарска година особено стоперот кој мораше со помош да го напушти тревникот на „Ванда Метрополитано“.

Атлетико има 20 бодови или дури 9 повеќе во однос на Барселона која е на 10 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни