Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико испорача доживотна забрана за девет навивачи

Објавено

на

foto:twitter.com/atletienglish

Раководството на Атлетико Мадрид ги исполни најавите за жестоки казни за навивачите кои ќе имаат расистички испади на „Метрополитано“, па ја информираше јавноста дека казнила девет свои фанови поради оваа причина.

Деветте навивачи се однесувале насилно и расистички навредувале противнички играчи на натпреварите на Атлетико и посебно на градското дерби со Реал Мадрид и сега добија доживотна суспензија и никогаш веќе нема да стапнат во домот на шпанскиот клуб.

Атлетико потенцира дека нема да толерира вакво однесување на фановите, посебно што во меѓувреме заработи и казна од УЕФА поради истата причина, а најмногу поради испадите на навивачите на гостувањето кај Бенфика.

Клубот открил дека изминатите неколку недели посебна служба работела на идентификување на навивачите кои биле виновни за дел од инцидентит и со помош на камерите и информациите на полицијата, успела да го утврди идентитетот на оние кои подоцна се нашле на црната листа.

Атлетико со својот потег испрати јасна порака до сите останати навивачи, а тие ќе можат да го поддржат својот тим на соодветен начин веќе утре на дуелот со Лас Палмас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни