Поврзете се со нас

Англија

Атлетико искешира 40 милиони евра и го реши големиот проблем на Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Атлетико Мадрид вчера го договори Хави Гера од Валенсија за сума од 25 милиони евра, па иако во прв момент личеше дека тоа значи и откажување на операцијата „Конор Галахер“, во текот на ноќта дошло до голем пресврт во операцијата на двата клуба.

„Душекџиите“ на крајот успеале да пронајдат заеднички јазик со водечките луѓе на Челси, кои сепак сфатиле дека нема никаква логика да одолговлекуваат продажба на фудбалер кој него сакаат во своите редови.

Челси јасно му нагласи на Галахер да не се враќа на тренинзите на првиот тим и сето тоа предизвика бизарна и непријатна ситуација и за менаџерот Мареска, чија желба на крајот беше исполнета.

Мареска пред два дена побара најбрзо решавање на проблемот кој може да влијае врз расположението на тимот, па 48 часа подоцна, пристигнува информација дека Атлетико Мадрид е клубот кој му подава рака на Галахер.

Покрај талентираниот Гера, Чоло Симеоне во средниот ред ќе добие и играч со репрезентативно искуство како Галахер, кој за сума од 40 милини евра се сели на „Метрополитано“.

Угледниот „Би-Би-Си“ тврди дека сите детали меѓу Атлетико и Челси се прецизирани, па сега преостанува Конор да отпатува за Мадрид и да ги комплетира медицинските тестови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни