Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико и Вилјареал понудија спектакуларни 45 минути, Алварез доби шанса во завршницата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Првото коло во шпанската Ла Лига беше затворено со одличен меч на „Ла Керамика“ меѓу Вилјареал и Атлетико Мадрид, дуел кој ги оправда очекувањата на сите неутрални фанови во првото полувреме.

Двата тима постигнаа по два гола и се погрижија за спектакл во првите 45 минути, но вториот дел беше целосен контраст и видовме позатворен пристап од двете страни.

Вилјареал се покажа како исклучително незгоден противник и поведе со голот на Данжума, но Атлетико брзо возврати со одличен гол на Љоренте кој силно биеше откосо во мрежата на домаќините.

Следниот удар одново го зададе Вилјареал и „жолтата подморница“ поведе со 2:1 со автоголот на Коке, но пред крајот на полувремето, Серлот се најде на вистинско место за 2:2.

Довчерашниот играч на Вилјареал погоди против својот поранешен клуб и се израдува на погодокот за 2:2, па иако во тој момент не изгледаше така, истиот се покажа како последен на дербито.

Избраниците на Марселино и Симееоне останаа без доволно сила за трет гол во продолжението, а Чоло не доби резултат и од фактот што му даде шанса на најголемото летно засилување. Хулијан Алварез ги одигра последните 17 минути од средбата, но немаше ниту една конкретна шанса за гол.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни