Поврзете се со нас

Англија

Атлетико и Челси си подадоа рака за Жоао Феликс, утре се „отклучува“ уште една операција!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Челниците на Атлетико Мадрид и Челси ги стопираа преговорите и речиси една недела не остварија никаков контакт, но откако сфатија дека така нема да добие никој, повторно седнаа на маса и по се изгледа решија две големи зделки.

Како што јавуваат угледните медимуми од Англија и Шпанија, вторите долги преговори меѓу двата клуба завршиле успешно, откако првите се изјаловија и направија да пропадне трансферот на Саму Омородион на „Стемфорд Бриџ“.

Во тој момент се чинеше дека контактот меѓу двата клуба целосно ќе се загуби, но сепак спасител на целата ситуација е Жоао Феликс, кој сега ќе му помогне на Диего Симеоне конечно да го добие играчот кој толку го посакува.

На крајот, Челси и Атлетико седнаа да преговараат за Жоао Феликс и си подале рака за португалскиот репрезентативец, кој сега и дефинитивно ќе стане играч на лондонскиот великан. Жоао еднаш играше во Челси како позајмен фудбалер, но сега зделката е пермантентна и ќе стане член на „сините“ за фиксни 50 милиони евра, кои со бонуси можат да станат и 60.

На спротивната страна ќе заврши Конор Галахер, за кого веќе е испланирано утре да отпатува во Мадрид и да ги мине потребните медицински тестови.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни