Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико го совлада Димитриевски со контроверзен гол во 90. минута, Столе и соиграчите попусто протестираа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Малото градско дерби меѓу Атлетико Мадрид и Рајо Валјекано донесе доста возбудувања и директна игра од двете страни, но и завршна тензија поради еден контроверзен момент.

Тимот за кој брани Столе Димитриевски одигра дисциплинирано и храбро на стадионот на кој загубија тимови како Реал Мадрид и Валенсија, но на крајот сепак прими гол и претрпе пораз во самата завршница.

Атлетико поведе со погодокот на Реинилдо кој стрелаше со глава за 1:0, меѓутоа Рајо брзо одговори и преку Гарсија израмни на 1:1 и на пауза се замина со овој резултат.

Очекувано, фаворитот тргна по три бода и силно притискаше да стигне до втор гол, па откако еден му беше поништен поради офсајд, на крајот победи со еден контровезен.

Гостите бараа прекршок од Гризман над Чеверија во зачетокот на акцијата, но судиите проценија дека нема доволно елемени за фаул, па така голот на Мемфис Депај остана важечки и Атлетико победи со 2:1.

Столе Димитриевски и соиграчите протестираа и по последниот судиски свиреж, а тренерот Франсиско заработи и црвен картон.

Голот на Мемфис погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни