Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико го потопи Хетафе, аргентинско трио го креираше потегот на мечот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/atletienglish

Атлетико Мадрид обезбеди сигурна и убедлива победа над Хетафе (5:0) и се пласираше во полуфиналето на шпанскиот фудбалски Куп.

Избраниците на Диего Симеоне не препуштија ништо на случајноста, поведоа уште во 8. минута со голот на неговиот син, кој во 17. минута го постигна и вториот гол.

До крајот на полувремето реализираше и Лино, а во вториот дел, во листата на стрелци се запишаа и Кореја и Сорлот за конечни 5:0 и перфектна вечер за фановите на Атлетико.

Потегот на натпреварот беше акцијата која заврши со голот на Симеоне џуниор, а во која учествуваа и неговите сонародници Алварез и Де Пол.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни