Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико го обезбедил потписот на голем јужноамерикански талент, првично ќе го испрати на заем во Интер Мајами

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид успеал да постигне договор за ангажман на голем јужноамерикански талент и тој ќе му се приклучи на шпанскиот клуб.

Се работи за Ален Обандо, еквадорски тинеџер кој досега настапувал во клубот Барселона Спортинг клуб де Гвајакил, а од кого се очекува да го потврди големиот потенцијал во новата средина.

Обандо е напаѓач, но неговото пристигнување во Атлетико нема да биде реализирано веднаш, туку првично тој ќе замине на заем во редовите на Интер Мајами и ќе им стане соиграч на ѕвезди како Меси и Суарез.

Во Интер Мајами ќе настапува како позајмен играч, додека Атлетико ќе плати сума не поголема од 5 милиони евра за потоа да располага со талентираниот фудбалер, чиј напредок ќе го следи додека настапува во МЛС.

Претходно, Обандо беше поврзуван со трансфер во Барселона, но Каталонците не успеаја да се договорат со еквадорскиот клуб, за сега тоа да се случи со Атлетико, а мадридскиот состав да го испрати на заем во редовите на Интер Мајами.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни