Атлетико го неутрализираше Ливерпул и со пoзитивен резултат ќе патува на „Енфилд Роуд“ (ВИДЕО)

atletiko

Фудбалерите на Атлетико Мадрид успеаа да слават над Ливерпул со 1-0 во првиот меч од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Избраниците на Диего Симеоне го неутрализираа актуелниот европски шампион кој вечерва не упати ниту еден удар во рамките на голот на Јан Облак. Кога е така, Атлетико скоро секогаш слави на „Ванда Метрополитано“ и таков беше случај на овој натпревар кој беше решен со погодокот на Саул Нигез во раната фаза.

Шпанскиот репрезентативец се најде на правото место во 4 место и ја смести топката во мрежата на Алисон Бекер. Ливерпул се обидуваше да се врати, ја имаше топката во своите нозе, ама Атлетико одигра цврсто како што знае и умее на секој дел од теренот и затоа реваншот на „Енфилд Роуд“ кој е закажан за 11 март ќе го започне со позитивен резултат.

Facebook Коментари