Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико го губи здивот во трката за титулата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/atletienglish

Атлетико Мадрид се издвои како кандидат за титулата во Ла Лига благодарение на извонредната серија на резултати, но двата лоши натпревари во низа прават тимот на Диего Симеоне да го губи здивот во овој исрцпувачки месец на стартот на годината.

Поразот од Леганес беше нешто што не го очекуваа ниту најскептичните навивачи на Атлетико, меѓутоа лошото попладне против аутсајдерот беше надополнето со реми против Вилјареал.

Атлетико обично е непогрешлив на домашен терен, но денеска мораше да се задоволи само со бод, иако во последните 30 минути жестоко го напаѓаше голот на „жолтата подморница“.

Клучен за ремито беше лошиот старт на мечот во кој Атлетико прими гол од пенал (Морено) и ризикуваше да прими и втор, па иако успеа да се приберат, „душекџиите“ на крајот мораа да се помират со конечни 1:1.

Самуел Лино беше стрелец на голот во 58-та минута, но тоа секако е недоволно во ситуација кога Атлетико има амбиции да се бори за титулата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни