Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико ги договори личните услови со Суарез, постои само една пречка за реализација на трансферот

Објавено

на

blank

Јувентус вчера официјално соопшти дека е надвор од трката за ангажман на Луис Суарез, искусниот напаѓач на Барселона кој и натаму бара своја нова дестинација на трансфер пазарот во ситуација кога доби јасна порака од Роналд Куман дека најдобро решение е да побара излез.

Холандскиот стручњак пред неколку дена образложи дека сепак ќе смета на „Ел Пистолеро“ доколку на крајот остане во тимот, но Суарез сега е тој кој не сака да дојде до такво нешто, па по секоја цена бара начин да го напушти клубот во кој оствари многу големи работи.

Ова попладне „Мундо Депортиво“ открива дека Суарез е чекор поблиску до остварување на целта, откако постигнал вербален договор со одговорните луѓе на Атлетико Мадрид за трансфер на „Ванда Метрополитано“. Уругваецот се договорил со претставниците на Атлетико и им дал зелено светло за започнување на преговори со Барселона, клуб кој исто така е расположен за зделката, до тој степен што во првата година е подготвен да покрие дел од плата на Уругваецот.

Сепак, истиот овој извор информира дека во овој момент се работи за разрешување на една поголема пречка, бидејќи Атлетико ќе може да си го дозволи Суарез само во еден случај, а тоа е да ја тргне платата на Диего Коста од својата финансиска листа.

Поточно, Атлетико треба да му пронајде нов клуб на Диего Коста во наредните две седмици, со цел да се ослободи место за Суарез кој со нетрпение чека да соработува со Чоло Симеоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни