Атлетико два пати водеше, но освои само бод против Валенсија (Видео)

atletiko-valensija

Атлетико Мадрид два пати водеше против Валенсија, но на крајот освои само бод (2:2) на гостувањето на „Месталја“ кое беше важно и за двете екипи поради отворената борба за место кое води во Лигата на шампионите.

Љоренте го отвори резултатот во 15. минута, за Габриел да израмни пред крајот на полувремето, за само три минути подоцна Томас повторно да постигне гол за Атлетико.

Валенсија израмни преку Кондогбија во 59. минута, а во последните минути Гамеиро не реализираше зицер за домашниот тим, по што дербито заврши без победник.

Атлетико моментално е на четвртото место со 40 бодови, додека Валенсија има два бода помалку.

Facebook Коментари