Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико договори трето различно име за својот модерен стадион

Објавено

на

foto: twitter.com/Atleti

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид потврди нов важен спонзорски договор, кој значи нова промена на името на стадионот.

Модерниот „Метрополитано“ досега имаше додавки „Ванда“ и „Сивитас“, но во иднина ќе биде познат како „Ријад Ер Метрополитано“ и со тоа име ќе ги пречекува гостинските екипи во Мадрид.

Авиокомпанијата од Саудиска Арабија и досега беше важен спонзор на клубот, логото се најде на централната позиција на дресовите на Атлети, но брендирањето на стадионот ќе значи дополнителна финансиска инјекција за клупската каса.

Договорот со „Ријад Ер“ е потпишан до 2033 година и е досега најдолга договорена соработка на Атлетико со компаниите кои го закупуваа името на стадионот.

Премиерата на стадионот со ново име е закажана веќе за 20. октомври, кога Атлетико го пречекува Леганес во домашното првенство.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни