Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико доби пенал во 90. минута, тренерот на Леганес стана вирален хит со гестот кон Симеоне и клупата на Атлетико (Видео)

Објавено

на

Леганес полека се претвора во нагазна мина за големите фаворити во шпанскиот фудбал, бидејќи откако и нанесе болен пораз на Барселона на нејзин терен, сега малиот клуб од мадридското предградие успеа да го нокаутира и лидерот во Ла Лига.

Атлетико Мадрид допатува на „Бутарке“ како апсолутен фаворит за три бода, но наместо тоа, четата на Чоло Симеоне се враќа дома со 0 бодови на своето конто.

Леганес успеа да победи со 1:0 и дополнително да избега од опасната зона на табелата, но тоа не беше така едноставно, бидејќи Атлетико доби пенал во самата завршница.

По еден подолг ВАР преглед, судијата покажа на белата точка и досуди пенал за Атлетико, а оваа негова одлука донесе и вирална сцена.

Борха Хименес беше огорчен од завршниот заклучок на судиите, па во моментите кога протестираше, не пропушти шанса да испрати зајадлив гест до Диего Симеоне и клупата на Атлетико.

Чоло пред натпреварот се пожали дека на Атлетико не му е лесно да игра во конкуренција на Реал и Барса кои според него се тимови кои секогаш добиваат протекција, па очигледно Хименес сметаше дека оваа изјава на Аргентинецот му донесе штета на Леганес во дуелот со „душекџиите“.

Откако беше покажано на белата точка, Хименес со јасни гестикулации ги нарекуваше „плачковци“ своите ривали од Атлетико, а за да биде уште поинтересно, Антоан Гризман не ја реализираше најстрогата казна и задоволството за домаќините беше уште поголемо.

Видеото погледнете го ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни