Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико даде три гола со црвен картон, но остана без посакуваниот резултат

Објавено

на

foto:twitter.com/LaLigaTV

Атлетико Мадрид не успеа да дојде до посакуваниот резултат на вечерашното соочување со градскиот ривал Хетафе во рамките на 18. коло во Примера.

Домаќините во 38 минута останаа без дефанзивецот Савиќ кој го заработи вториот жолт картон, ама и без него избраниците на Симеоне пронајдоа начин да функционираат и во остатокот од мечот успеаа да дадат три гола.

Гризман во 44 минута донесе радост на „Ванда Метрополитано“, радост која траеше до 53 минута кога Мајорал израмни на 1-1.

Потоа одново на сцена стапија „душекџиите“ кои преку Мората во 63 и Гризман во 69 минута дојдоа до позитива од 3-1. По ова долго немаше промена на резултатот и се доби впечаток дека Атлетико ќе успее да ги грабне трите бода и покрај тоа што најголемиот дел од мечот го игра со играч помалку.

Ама Хетафе имаше пеколна завршница, Родригез во 87 минута намали на 3-2 за да во судиското продолжение биде досуден пенал по една игра со рака, најстрога казна која Мајорал ја искористи за конечни 3-3.

Атлетико дојде до 35 бод со што се израмни со Барселона на табелата.

Севилја под водство на новиот тренер Кике Санчез Флорес ја разби Гранада со 3-0, Валенсија пак како гостин го доби Рајо Валјекано со 1-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни