Поврзете се со нас

Англија

„Атлетик“ открива дека Саутгејт донел одлука и од составот ќе изостави веќе виден патник на ЕП

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт ќе стои на својот став од претходниот репрезентативен собир и за Европското првенство кое ќе се одржи ова лето нема да го повика играчот на Ливерпул, Трент Александер Арнолд.

Младиот бек го подигна нивото на игра и во моментов е меѓу најдобрите играчи на Ливерпул, но како што пишува „Атлетик“ и тоа не било доволно Саутгејт да се разубеди и да го повика на континенталниот собир.

Според медиумот, селекторот на „гордиот албион“ повторно доверба ќе им даде на Кајл Вокер и Кјеран Трипие кои играат константна сезона, а како трет бек планира да го земе Рис Џејмс од Челси кој исто така игра солидна сезона.

Одлуката на Саутгејт не била донесена на лична основа затоа што тој немал ништо против фудбалерот на Ливерпул, туку тој во својот тим сакал бекови кои напаѓаат, меѓутоа и кои се далеку поцврсти во одбраната, нешто што не е најсилна страна во играта на Александер Арнолд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни