Поврзете се со нас

НБА

Атланта уште еднаш го доби шампионот во „Ти-Ди Гарден“, Кари се повреди во победата на Вориорс (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Атланта Хокс полека станува проблем за актуелниот шампион Бостон Селтикс, а потврда за тоа се двете остварени победи на негов терен во „Ти-Ди Гарден“.

„Јастребите“ во месец ноември славеа со 117:116, додека пак рано утрово триумфираа со 119:115 и тоа по екстра период откако регуларниот дел заврши со резултат 104:104.

Лидер беше Јанг со 28 поени и 11 асистенции, Дениелс додаде 23, а одличен од клупата беше Оконгву со дабл-дабл од 19 поени и 13 скока. Кај домаќините четворица играчи имаа над 20 поени, меѓутоа тоа не го донесе посакуваниот резултат.

Голден Стејт ја потврди улогата на фаворит и го доби Вашингтон со 122:114. Меѓутоа овој дуел со повреда го заврши Кари, додека Грин одигра само три минути на ова соочување што може да биде проблем за „воините“ ако останат без двајца стартери.

Стеф испорача 26 поени пет помалку од првиот стрелец Вигинс, додека кај поразените залудна беше партијата на Пул од 38 кошеви.

РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Атланта 115:119 (104:104)
Индијана – Филаделфија 115:102
Голден Стејт – Вашингтон 122:114
Минесота – Кливленд 117:124
Портланд – Хјустон 103:125
Детроит-Феникс 121:125

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни