НБА
Атланта со пресврт го освои „Медисон Сквер Гарден“, Хјустон ги елиминираше „воините“ од НБА Купот (ВИДЕО)
Атланта Хокс и Хјустон Рокетс се двете последни екипи кои обезбедија место во полуфиналето на НБА Купот или поточно ќе бидат дел од завршницата која ќе се одржи во Лас Вегас.
„Јастребите“ од Џорџија направија уште едно изненадување и му пресудија на Њујорк Никс, односно го елиминираа од ова натпреварување на негов терен во „Медисон Сквер Гарден“. Поранешниот тим на Перо Антиќ губеше со седум разлика по првото полувреме, но по одморот имаше специјална трета четвртина која ја реализираше со 34:18 и воден од таа евергија, самодоверба успеа да дојде до триумф и полуфинале во кое ќе ги одмери силите со Милвоки Бакс.
Хантер со 24 поени беше прв стрелец, додека дабл-дабл учиноци имаа Џонсон (21 поен и 15 скока, плус 7 асистенции) и Јанг (22 поени, 11 асистенции). Кај Никси комплетната стартна петорка беше двоцифрена, Харт беше лидер со 21 поен.
Хјустон пак по една драма и неизвесна завршница го доби Голден Стејт Вориорс со 91:90. Клучни беа двете погодени слободни фрлања на Грин на четири секунди до крајот. Грин заврши со 12 поени далеку помалку од Шенгун кој беше лидер на „ракетите“ со 26 поени, 11 скока и 5 асистенции. Клубот од Тексас за место во големото финале ќе игра со Оклахома Сити Тандер.
Инаку кај „воините“ Куминга беше прв на листата на стрелци со 20 поени.
¡Así queda la COPA! 🔥🏆
Thunder 🆚 Rockets
Bucks 🆚 Hawks#EmiratesNBACup pic.twitter.com/wkUc4NZExp— NBASpain (@NBAspain) December 12, 2024
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација11 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија12 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)