Поврзете се со нас

НБА

Атланта ја нокаутираше Филаделфија и ќе игра во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Атланта Хокс е противникот на Милвоки Бакс во финалето на источната конференција во НБА лигата.

„Јастребите“ излегоа како победници од мајсторката со Филаделфија 76 (103-96) и ја продолжуваат приказната за оваа сезона. Клубот од Џорџија се избори за триумф на жешкиот терен во Филаделфија и тоа откако ги реши во своја полза трите од четирите четвртини.

Јанг беше автор на дабл-дабл од 21 поен и 10 асистенции, но јунакот беше Хертер кој одигра страшна партија со 27 кошеви, 7 скока и 3 асистенции.

На другата страна Ембид беше стандарден со 31 поен и 11 скокови, Херис додаде 24, Кари 16, а катастрофален беше Симонс со само 5 кошеви иако мора да се каже дека запиша 13 асистенции.

Ова воедно е уште еден неуспех во кариерата на тренерот Док Риверс кој дефинитивно има проблеми кога неговиот тим игра седми решавачки натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни