Поврзете се со нас

НБА

Атланта го отпушти тренерот Пирс

Објавено

на

Атланта Хоукс го отпушти тренерот Лојд Пирс, во обид да ја разбуди својата екипа во пресрет на вториот дел од сезоната во НБА лигата.

„Јастребите“ се решија на промена откако во досегашниот дел на сезоната имаат скор 14-20, што е далеку од посакуваните и проектираните резултати на екипата.

– Имаме големи очекувања од екипата и веруваме дека со оваа промена можеме да имаме подобар втор дел на сезоната, – изјавил генералниот менаџер Тревис Шленк.

Пирс мина повеќе од две сезони на клупата на Атланта, a работата му беше доверена токму од Шленк, кој реши да го ангажира тогашниот асистент на тренерот на Филаделфија.

Аталанта во моментов е на единаесеттото место во источната конференција во НБА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни