Поврзете се со нас

Свет

Атланта ги истрола Меси и Интер Мајами: Еве ви ја пицата за по пат (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ATLUTD

Навивачите на Атланта уживаа во победата на нивниот тим над Интер Мајами, посебно што домаќините постигнаа пет гола и убедливо го добија натпреварот на кој први примија погодок.

Победата ќе беше со поголема тежина ако во гостинската екипа настапуваше Лионел Меси, но Атланта на секој можен начин се обиде да го прослави триумфот против составот кој беше во долга серија без пораз.

По средбата, на шпанската верзија на „Икс“ профилот на Атланта Јунајтед беше објавена порака со која беа истролани Меси и гостите.

– Еве ви ја пицата за по пат, – напиша админот покрај фотографијата на пица слична како таа што ја објави Меси пред неколку дена, а која воопшто не им се допадна на голем број фанови.

Во верзијата на Атланта имаше помалку парчиња домат, но и симболичен број маслинки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни