Поврзете се со нас

Свет

Атанасовски се пресели во најдобрата екипа во Косово: Среќен сум што сум дел од шампионски клуб…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkmultiessence

Кружниот напаѓач, Стефан Атанасовски има нов клуб и во престојната сезона ќе го носи дресот на Раховец од Косово.

Се работи за тим кој е шампион и за кој Атанасовки е прво засилување за кампањата 2024/2025.

-Среќен сум што сум дел од шампионси клуб, првпат играм на Косово и ентузијаст сум поради тоа. Сепак имам врска со тимот затоа што за соиграч го имав Виктор Алонсо и го познавам и новиот тренер Горан Андоновски.

-Ќе дадам се од себе за повторно да ја освоиме титулата и Купот во новата сезона, -порача Стефан кој во досегашната кариера освен во Вардар и Вардар Јуниор има играно за Работнички, Куманово, а имаше и епизоди во Ал Араби и Ал Мудар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни