Поврзете се со нас

Репрезентација

Атанасов: Жал ни е што не победивме, селекторот ни даде конкретни задачи…

Објавено

на

ФОТО: ФФМ – Петр Стојановски

Младата македонска репрезентација до 21 година одигра нерешено со врсниците од Израел во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Ние до ремито, бодот за 1-1 дојдовме во самиот финиш кога Јани Атанасов со прекрасен гол од слободен гол од слободен удар ги матираше Израелците. Фудбалерот на Хајдук е среќен поради погодокот, но жали што не ги освоија трите бода на дуелот на кој важеа за фаворити на хартија.

-Се спасивме со гол во 90 минута кој јас го постигнав, но тоа е најмалку важно. Многу ни е жал на сите, особено на селекторот, бидејќи ни зададе конкретни задачи што не ги исполнивме. Во одреден дел од мечот бевме добри, но на одредени моменти правевме грешки што не смеевме да ги правиме. Извадивме бод, сега пред нас е гостувањето во Израел каде сакаме да победиме . Ќе одиме да извлечеме најмногу бодови што можеме, се надеваме се ќе биде во ред, -истакна Атанасов.

Избраниците на Милевски со 14 поени се на второто место на табелата зад Шпанија која има 19 и натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни