Поврзете се со нас

Европски првенства

Атанасов со маестрален погодок ја задржа Македонија на второто место во групата

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година вечерва го продолжи настапот во квалификациите за ЕП и постигна уште еден одличен резултат.

Иако во сенка на сениорите и нивниот голем успех во Тбилиси, избраниците на Благоја Милевски одиграа 1:1 на гостувањето кај Израел, со што ја задржаа втората позиција во групата.

Натпреварот доцнеше дваесетина минути откако главниот судија од Украина добил позитивен Ковид-19 тест непосредно пред мечот, па мораше да биде заменет експресно во оваа ситуација.

Само што почна средбата, Израелците поведоа со голот на Јосефи, а Македонија во 51. минута доби шанса да израмни.

За жал, Чурлинов не реализираше пенал, па Израелците останаа во водство, барем се додека Јани Атанасов не доби шанса да изведе слободен удар од 17 метри и со маестрален погодок во 76. минута го израмни резултатот на 1:1.

До крајот нашите младинци се обидоа да направат пресврт, но не успеаја, а со ремито го оставија Израел зад себе на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни