Атанасов претставен во дресот на Бурсаспор

atanasovbursaspor

Македонскиот младински репрезентативец Јани Атанасов беше претставен во новиот клуб Бурсаспор.

18 годишниот играч во Турција се пресели од редовите на Академија Пандев, а од раководството на Бурсаспор полагаат големи надежи во талентираниот фудбалер.

-Веќе се чувствувам како дома. Го засакав овој клуб и градот. Ќе тежнееме следната сезона да ги направиме нашите фанови среќни- коментираше Атанасов на промоцијата.

Атанасов минатата сезона ја помина во првиот тим на Академија Пандев каде на 28 натпревари постигна четири голови и имаше осум асистенции.

Facebook Коментари