Поврзете се со нас

Лига на нации

Атанасов: Ќе оставиме срце на терен и ќе ја израдуваме Македонија

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација го продолжува настапот во Лигата на нации и тоа против Летонија во Скопје, меч закажан за 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“.

Ова е селекција која минатиот месец ја совладавме со 3-0 во Рига, резултат кој можеби е превисок во однос на прикажаното на теренот и не смее никого да се потцени, нешто за што се свесни во нашиот табор.

Големиот борец Јани Атанасов вети дека тие како група ќе го остават срцето на терен, ќе дадат 100 проценти од себе за да се оствари целта, освојување на трите бода.

-Одиме по тоа прво место. Мотивирани сме, ќе дадеме се од себе, ветуваме ќе оставме срце на терен, сите до еден. Ги сакаме трите бода. Не треба да ги потцениме, имаат квалитетна репрезентација која ни даде отпор во Рига, беше тешко, ама ги освоите трите бода. Знаеме што треба да направиме во напад и одбрана, одиме по победа и да ја израдуваме Македонија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни