Поврзете се со нас

Балкан

Атанасов изведе две фудбалски бравури во Хрватска и ги прослави со солзи во очите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/hajduk

Хајдук на уверлив начин се пласираше во полуфиналето на хрватскиот фудбалски Куп, откако на гостински терен во Загреб ја победи Локомотива со 3:6.

Средбата изобилуваше со погодоци, но двата кои ги постигна Јани Атанасов беа извонредно добри и само не потсетија каков фудбалски талент е поранешниот младински репрезентативец.

Атанасов најпрво погоди за 1:2 со лоб магија од „мртов агол“, а потоа испрати неодбранлива „бомба“ во мрежата на домашниот голман за водство од 2:5.

Јани ги постигна првите два гола на официјален меч од стартот на оваа натпреварувачка сезона, но истите беа посебно емотивни за него и ги прослави со солзи во очите.

Македонецот гледаше кон небото по двете бравури, посветувајќи му ги истите на својот пријател кој прерано го напушти овој свет, а со кого се збогуваше и на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни