Балкан
Атанасов блесна во дресот на Хајдук, па со еден потег ги освои симпатиите на „Торцида“ (Фото)

Младиот македонски репрезентативец, Јани Атанасов конечно дочека шанса од првата минута да започне натпревар за сплитски Хајдук. Новиот тренер на клубот од „Полјуд“, Паоло Трамецани уште во првиот натпревар на клупата се реши да му даде шанса на Атанасов од стартот на натпреварот.
Атанасов кој кај претходните тренери не уживаше голема минутажа, доби прилика под водство на Трамецани и веднаш импресионираше со својот настап на натпреварот против Шибеник. Играчот од средниот ред беше директно инволвиран при единствениот погодок откако неговиот слободен удар го одбрани домашниот голман, а топката потоа се одби до Теклиќ кој го пронајде патот до мрежата.
21 годишниот играч од Струмица полека ги освојува симпатиите на навивачите на сплитскиот клуб, а со неговиот последен потег на социјалните мрежи уште повеќе си ја подигна репутацијата меѓу познатата „Торцида“.
Тој на Инстаграм објави фотографија на која напиша „Живееме за овој дрес“, што јасно ја покажува неговата посветеност кон Хајдук.
На социјалните мрежи не може да се забележи негативен коментар за Атанасов кој и покрај малата минутажа која ја добиваше во претходниот период покажуваше и докажуваше дека заслужува да го носи дресот на Хајдук. Сега сите се надеваат дека италијанскиот стратег Трамецани ќе продолжи да смета на Атанасов.

- Германијапред 22 часа
Големото засилување на Борусија од Реал конечно проработи: Постигна деби гол во Бундеслигата после цели шест месеци (Видео)
- Англијапред 23 часа
Судијата Мејсон се посрамоти и предизвика неверојатна конфузија на дуелот ВБА-Брајтон (Видео)
- Италијапред 21 час
Букмејкерите предвидуваат лесни победи за фаворитите во Серија А
- Шпанијапред 21 час
Куман не му даде ниту една минута на Гризман: Ова не е казна за него, ни требаше побрз играч!
- Италијапред 24 часа
Фонсека: Милан е во криза? Не верувам во тоа, тие имаат…
- Германијапред 19 часа
Нојер не штеди никого: Капитенот на Баерн бесно викаше по „заспаниот“ Алаба (Видео)
- Италијапред 23 часа
Балардини: Интер е најдобра екипа во Серија А, ние имаме една цел
- Италијапред 20 часа
Историја во Италија: Судијата Орсато утре ќе урне една голема фудбалска бариера во Серија А