Лига на шампиони
Атанасијевиќ: Не се откажуваме, ќе одиграме на ниво со Фуксе Берлин

Еурофарм Пелистер им се враќа на обврските во Лигата на шампионите, а предизвикот во 13. претпоследно коло од групната фаза е тимот на Фуксе Берлин.
Фуксе е еден од најдобрите германски клубови, тим кој се уште има шанса за директен пласман во четвртфиналето и сигурно ќе има мотивација да го добие овој дуел, ама и битолчани имаат свој мотув за позитивен резултат за место во нокаут фазата.
Првата средба „лисиците“ ја решија во своја полза со 30:22, но ова е друг меч, друг терен и од Пелистер најавуваат дека ќе го дадат максимумот за да се претстават во најдобро светло.
-Имаме тежок распоред и немаме ден за одмор. Сепак, од прв до последен даваме максимум. Доаѓа Фуксе Берлин и пак ќе бидеме на висината на задачата. Тие се одлична екипа, имаат светски ѕвезди и одиме во Берлин да се обидеме да победиме. Тренерот ќе постави тактика во одбраната и нападот и мислам дека ќе одиграме на ниво. Не се откажуваме, играме до последна минута и тоа е карактеристика која нè краси. Никој не може лесно да нè победи. Сите сме мотивирани, нешто посебно игра во нашите тела и нема замар. Одиме чекор по чекор. Прво Фуксе Берлин, па потоа ПСЖ, -порача Павле Атанасијевиќ.
Алонсо пред соочувањето со „лисиците“: Го имаат најдобриот светски ракометар, но…
-
Формула 19 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија18 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Реал се закани: Последен пат играме фудбал во вакви услови!
-
Англија24 часа
Ретклиф именуваше менаџер кој не требал да го води Јунајтед: Манчестер спадна од Фергусон на…….
-
Шпанија19 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Италија17 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони21 час
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија20 часа
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)