Поврзете се со нас

Евролига

Атаман за победничката тројка на Слукас: Јадеше баклави во Турција…(ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Олимпијакос оствари супер драматична победа над Анодолу Ефес од 87-85 и тоа во средба во која херој беше Костас Слукас.

Искусниот плејмејкер беше најдобар стрелец на паркетот со 23 поени со тоа што последниот шут беше за триумф со звукот на сирената. МикКисик го проигра Слукас кој летна еден противнички играч по што се намести за три и погоди за големо славје во Пиреа.

Ова беше болен пораз за европскиот шампион, но нивниот тренер Ергин Атаман на специфичен начин се обиде да ја објасни завршницата.

-Мислам дека турската баклава која ја јадеше во Турција му помогна да победува против турски тимови во последната секунда, се пошегува Атаман.

-Игравме добар натпреар со искучок на првата четвртина. Тогаш примивме 26 поени, промашивме отворени шутеви, но во главно тоа беше еден добар натпревар во кој двата тима можеа да стигнат до победа. Секоја чест за Слукас и Олимпијакос. Кога имате само еден плејмејкер лесно е да бидеш лидер. Добар натпревар и добро шутираше за три. Беше лош за два, но погоди за победа и тоа е важно, -рече Атаман.

Инаку Гркот играше пет години за Фенербахче и одлично го познава Ефес, турската кошарка, па нема ни милост ни против своите поранешни колеги кои еднаш ги реши во оваа кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни