Поврзете се со нас

Свет

Атаман во негов стил: Јас сум подобар од Анчелоти

Објавено

на

foto: x.com/paobcgr

Ергин Атаман е еден од најдобрите кошаркарски тренери на стариот континент, статус кој уште еднаш го потврди со освоената титула со Панатинаикос во Евролигата.

„Детелинките“ по пауза од 13 години станаа шампиони на Европа и тоа во првата година на турскиот стратег што е навистина импресивно. Атаман со ова стана прв тренер по Жељко Обрадовиќ кој успеал да освои европски трофеј со пет различни клубови, поточно претходно тоа го направи со Анадолу Ефес, Бешикташ, Монтепаски Сиена и Галатасарај.

Турчинот беше гостин во едно италијанско шоу каде беше спореден со Карло Анчелоти.

-Ти си како Анчелоти, стануваш шампион каде и да одиш, -му кажаа на Атаман по што стигна одговорот од предводникот на Панатинаикос.

-Јас сум подобар, -порачал Ергин со насмевка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни