Поврзете се со нас

Евролига

Атаман со прва информација за повредата на Лесор: Тој ја…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/EuroLeague

Панатинаикос ја разби Басконија (104:69) на соочувањето во Атина, но победата на домаќините падна во втор план поради тешката повреда која јај доживеа еден од најважните играчи Матијас Лесор.

Центарот се повреди во третата четвртина и дефинитивно го очекува повеќе месечна пауза од терените.

-Матијас ќе направи магнетна резонанца. Ја скрши ногата, но лекарите ќе видат за каква скршеница се работи, -откри тренерот Ергин Атаман кој даде коментар и за потегот на Французинот кој стана и без помош го напушти теренот, скокајќи на една нога.

-Матијас е лав. Дури и во овие ситуации, тој не сака некој да го држи. Излезе со едната нога, -додаде предводникот на ПАО.

Што се однесува до стрелците Нан со 28 и Браун со 18 поени беше најзаслужни за 10. триумф на европскиот првак.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни