Поврзете се со нас

Свет

Атаман: Осман е во своите најдобри години, тој е вистинскиот човек за Панатинаикос

Објавено

на

foto: x.com/Paobcgr

Џеди Осман реши да се врати во Европа и за нова дестинација ја одбра Грција или поточно актуелниот европски првак Панатинаикос.

Осман од 2017 година настапуваше во НБА лигата каде ги носеше дресовите на Кливленд Кавалирс и Сан Антонио Спарс, па иако имаше можност да остане, да почека да добие шанса во друга средина тој реши да направи кам-бек на стариот континент и тоа во екипа која сигурно ќе биде меѓу фаворитите за пехарот во Евролигата и во кампањата 2024/2025.

-Тој е одличен играч, тој е во своите најдобри години и има одличен карактер, што е дефинитивно важно.

-Елементите кои во основа го карактеризираат неговиот карактер се неговата физичка сила, неговата агресивност на двете страни на теренот и неговата способност да ја забрза играта кога најмалку очекувате. Може да покрие две позиции, добро ги чита ситуациите и го става тимот пред себе. Покрај талентот и големиот квалитет, има зрелост и искуство на највисоко ниво. Тој е вистински НБА играч, таков каков што му требаше на Панатинаикос, -истакна тренерот Ергин Атаман за играчот кој е роден во Охрид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни