Поврзете се со нас

НБА

Атаман: Обрадовиќ заслужува да води клуб во НБА лигата, време е европските тренери…

Објавено

на

Жељко Обрадовиќ со години е еден од најдобрите стратези во Европа, тренер кој во секој клуб успеваше да го извлече максимумот од играчите и со тоа да им овозможи успеси, титули на екипите.

Меѓутоа и покрај резултати тој засега нема добиено прилика да се испроба во најсилната лига на светот НБА, шанса која според Ергин Атаман мора да ја добие и на тој начин да ја отвори вратата за европските тренери.

-Тој дома веќе има девет титули во Евролигата. Мислам ќе продолжи да одмара или можеби некој во НБА ќе разбере дека сега кошаркарската Евролига, европската кошарка е многу подобра од НБА и ќе го повикаат најдобриот европски тренер во НБА.

-Заслужува да води тим во НБА и можеби да ги отвори вратите за сите успешни европски тренери во иднина. Не само играчите. Време и е европските тренери да водат тимови во НБА, -порача Атаман за „Џампбол“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни