Италија
Аталанта заборави да победува на домашен терен и пропушти нова шанса пред дербито во Серија А

Аталанта е фаворит од сенка за титулата во Серија А и љубоморно ги следи Интер и Наполи на првенствената табела, но формата на домашен терен е главна причина што тимот од Бергамо не е лидер на табелата во овој момент.
Избраниците на Џан Пјеро Гасперини заборавија да победуваат на домашен терен во клучен дел од сезоната, а тоа на крајот може да се покаже како пресудно во шампионската трка.
Аталанта не победи на домашен терен во Серија А и на петти натпревар во низа, овојпат против Венеција со која одигра разочарувачки 0:0.
Иако имаа целосна теренска иницијатива, нападите на Аталанта најчесто беа јалови и безопасни, а доказ за тоа е и статистиката која вели дека само три удари заврши во рамките на голот.
Аталанта со ова реми пропушти шанса за момент да се искачи на врвот на табелата пред дербито меѓу Наполи и Интер, додека бодот е многу поголем за Венеција која води грчевите борба за опстанок.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)