Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Аталанта соопшти трагична вест пред дуелот со Реал: Суровата судбина прекина еден сон (Фото)

Објавено

на

Аталанта во изминатите две години е дел од фудаблската елита во Европа, па откако минатата сезона ги воодушеви фудбалските фанови на стариот континент со своите претстави во Лигата на шампионите, сега малиот тим од Бергамо се избори и за двомеч со големиот Реал Мадрид.

ЏанПјеро Гасперини нагласи дека доволна награда за неговиот тим е тоа што ќе може да ги одмери силите со најтрофејниот клуб во најелитното натпреварување, па иако мотив нема да им недостига, сега играчите од првиот тим сигурно ќе сакаат да одиграат и во чест на еден млад соиграчи кој денеска почина на 21 година.

Клубот од Бергамо со огромно жалење ја пренесе трагичната вест за 21-годишниот талентиран фудбалер Вили Та Би, кој пред две години бил дел од шампионскиот тим на Аталанта во Примавера лигата во Италија. Во моментите кога му се предвидуваше светла иднина, на Вили му беше дијагносициран рак на црниот дроб, па по двегодишна борба, пристигна најлошата вест воочи дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

– Претседателот Антонио Перкаси и целото семејство на Аталанта со огромно жалење ја пренесува веста за смртта на Вили Та Би. Суровата судбина прерано прекина еден сон кој започна со нашиот дрес во 2019-та година.

– Потребни му беа само неколку месеци да се истакне и да го врати Скудето во Бергамо, остави голема трага. Чао Вили, – гласи објавата на Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни