Поврзете се со нас

Италија

Аталанта со драматична победа се врати на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Фудбалерите на Аталанта многу потешко од очекувањата дојдоа до трите бода во соочувањето со Емполи во претпоследниот меч од денешната програма во Серија А.

Домаќините беа апсолутни фаворити во оваа пресметка, но гостите пружија силен отпор, дадоа дури два гола во Бергамо што на крајот беше доволно за минимален пораз од 3-2.

Избраниците на Гасперини дојдоа до трите бода во 86 минута кога Де Кетеларе со својот втор гол на дуелот донесе огромно славје. Кај Аталанта реализираше и Лукман, додека за Емполи погодија Коломбо и Еспосито.

Со овој резултат популарната „Ла Деа“ се враќа на врвот со 40 бода, два повеќе од второпласираниот Наполи.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни